Стоилковиќ откри што мисли за критиките дека е „Србин со путинистичко убедување“

од Nikola Popovski
214 прегледи

Луѓето можат да шпекулираат, но јас сум член на Владата и ја прифатив нејзината програма и програмата на премиерот Христијан Мицкоски и се однесувам согласно неа, изјави вчера министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ запрашан што мисли за обвинувањата и критиките од албанската опозиција дека е „Србин со путинистичко убедување“.

Според него, нема ништо спорно во тоа.

-Не е спорно ништо. Кога тие телевизии ја водеа таа кампања и ме прашуваа за што вие ме прашувате (дали сум путинист, н.з.) јас им одговорив – зошто не прашувате за средбата на Талат Џафери со луѓето на Кадиров? Како му тргна после средбата со нив, тој стана претседател на Владата. Си велам, којзнае, можеби и мене ќе ми тргне. Тие ја спуштија камерата и не сакаа ништо да објават од тој разговор. Така што, луѓето може да шпекулираат, меѓутоа јас сум член на Владата, ја прифатив во потполност програмата на владата на премиерот Мицкоски и се однесувам согласно програмата изложена во Собранието, рече Стоилковиќ во емисијата „Вести плус“.

Предлогот Стоилковиќ да биде заменик-претседател на владата и министер кој ќе раководи со ресорот задолжен за односите меѓу заедниците, предизвика размена на критики во опонентските блокови на партиите на Албанците.

„Охридскиот договор за прв пат од 2001 година во рацете на Србин со путинистичко убедување! Промената само што започна!“, објави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, пред повеќе од месец дена.

Слични содржини