Стоилковиќ: Секретарка ми е Албанка која ја затекнав во министерството, вработените се загрозени бидејќи сега конечно мора да доаѓаат на работа

„Кон ниту еден од раководителите, освен кон еден, не е поднесена дисциплинска постапка. Трипати по ред ми подметнува документи заради кои треба кривично да одговарам. Казнет е само со 20% од плата“, рече вицепремиерот за состојбите во Министерството за односи меѓу заедниците

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ изјави дека во неговото министерство работат 2.250 лица, од кои речиси 97 проценти се Албанци, што, како што вели, се отвора дилемата за почитување на принципот на правична застапеност и за присуството на помалите етнички заедници.

-За каква еднаквост зборувате? Каде се тука припадниците на помалите етнички припадници? Претпоставувам дека ниту вие ниту оние што го ркаоводеле министерството, немаат одговор на прашањето затоа што ова не го спроведувале, кажа Стоилковиќ на седницата во Собранието.

За обвинувањата дека има блиски врски со Србија и Русија, Стоилковиќ вели дека ќерката му живее во Москва, а до пратеникот од ДУИ кој го постави пратеничкото прашање, му рече: „вашиот министер беше добар пријател со Лавров, така да заборавете на инсуинациите“.  Тврди дека тезите од опозициската партија се смешни.

-Мене секретарка ми е Албанка која ја затекнав во министерството. Ниту еден од осумте раководители не е преместен од место. Кон ниту еден од раководителите, освен кон еден, не е поднесена дисциплинска постапка. Трипати по ред ми подметнува документи заради кои треба кривично да одговарам. Казнет е само со 20% од плата. Тоа ли е негативен однос кон Албанците во министерството? Како вие велите дека некој обесправен, а досега во Судот нема поднесено барање за таква работа, рече министерот за состојбите во ресорот со кој раководи.

-Единствено вработените се загрозени што сега конечно мора да доаѓаат на работа што порано не беше случај. Веќе нема седење дома и по 18 години, а да примате плата. Ако тоа е нечовечки однос, тогаш прифаќам, додаде Стоилковиќ.

Слични содржини