Стоилковски бара од 12 директори и раководители да се огласат за состојбата на Хирургија

од Nikola Popovski
503 прегледи

Најмалку 12 оддели кои функционираат на Хирургија и најмалку 12 оддели кои не функционираат нормално веќе две недели. Нема ниту еден збор од 12 раководители и директори со звучни имиња за колапсот на терцијалното здравство, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски за состојбите на Клиниката за Хирургија и затворените хируршки сали.

Според него, збор за хаосот немаат д-р Александар Трајановски од ТОАРИЛУЦ, д-р Софија Пејкова од пластична хирургија, д-р Зоран Караџов од Абдомен, д-р Сашо Дохчев од Урологија, Александар Жупановски од неврохирургија, д-р Неџат Јакупи од Торакална, д-р Славица Литајковска од Детска хирургија, д-р Далип Јахија од Ортопедија, д-р Никола Брзанов од Ургентен, д-р Илир Хасани од Траума и д-р Маја Мојсова од КАРИЛ.

Стоилковски најавува одговорност и истакнува дека злоупотребата на службената положба се прави со постапување, но и со непостапување.

-Прашањето за докторската етика да ја оставаме во рацете на колегите во бели мантили и секако на пациентите, кажа Стоилковски на прес-конференција.

Затворените хируршки сали на Клинички двојно го зголемија бројот на итни случаи во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Во последните 10 дена извршени се 150 ургентни операции.

-Некаде пред 30 години се градени салите и тогаш е поставена инсталацијата за снабдување со кислород. Точно 30 години е компресорската станица. Пред месец дена имаше хаварија во станицата кога се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување и влезе масло во тие цевки, по што компресорот е надвор од употреба. Клиниката за хирургија функционираше со два компресори кои поминаа технички преглед од две независни институции, информирапред два дена, министерот за здравство, Илир Демири за ситуацијата со затворените хируршки сали.

Продолжува неизвесноста и за пациентите и за лекарите бидејќи не се знае кога ќе пристигнат резултатите од примероците од гас, кои се испитуваат во лабораторија во Германија и кои треба да покажат што ја предизвикува непријатната миризба од вентилацискиот систем.

Слични содржини