Стоилковски: На Хирургија не работат и компјутерите за томографија и РТГ

од Nikola Popovski
374 прегледи

Здравството е пред колапс, прекинот на операции на Хирургија предизвика хаос во другите болници, а министерот се уште нема поим зошто салите за операција на Хирургија не работат. Важно знае дека воздухот не бил компромитиран, ама смрдело, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Ова следува откако странска фирма во Сојузна Република Германија до која се испратени мостри ќе го утврдува квалитетот на кислородот и компримираниот воздух од централниот систем на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ поради чија „мистериозна“ непријатна миризба повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички.

Како што обвини Стоилковски, хаосот со воздухот не е единствен проблем на Хирургија. Од вчера, додава тој, и апаратите за компјутерска томографија и РТГ не работат.

„Во овие моменти кога сета јавност е насочена кон состојбата во Хирургија, кога сите скопски болници се преоптоварени со пациенти заради Хирургија, сега се исклучени и компјутерите за томографија. Ова е се само не ред, здравство, грижа за пациентите и посветеност на министерот и сиот раководен тим на Хирургија. Патем, знае ли министерот Илир Демири, дека најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег? Дали Илир Демири се уште смета дека поважно е да му измине времето како министер без да се замери со ДУИ и СДС или треба веднаш да побара одговорност? Накусо ќе ги сублимирам проблемите на Хирургија: 12 дена нема операции заради лош мирис иако министерот тврди дека воздухот не е компромитиран, не работат лифтовите, фирма моли за услови да се исполнат преземените обврски на тендер, сега и компјутерите за томографија и РТГ се исклучени, а раководството со економскиот директор заминале на францускиот Азурен брег!?“, обвини Стоилковски.

Слични содржини