„Ниту една институција во државата не смее да го премолчи примитивизмот на Талат Џафери во македонското Собрание! Примитивизмот на Џафери е насилство врз вработени, злоупотреба на позиција, кршење на човековите права, примитивизмот на Џафери е спротивен на сите документи за заштита на човековото достоинство. Џафери најбрутално го згази достоинството на позицијата собраниски спикер и воопшто позицијата пратеник во македонското Собрание“, сподели на прес Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Единствен следен чекор во било кое демократско општество би било неотповиклива оставка на Џафери и повлекување од пратеничката функција од македонското Собрание!“, истакна тој
„Нема и не постои оправдување за простотилак и примитивен однос кон вработени, не постои оправдување за пцости и навреди, какви што сета јавност во Македонија имаше прилика да го слушне примитивецот од Форино, Талат Џафери! Никој во Македонија не е должен ниту пак е вработен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде пцуен и бркан со зборови „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот од Форино“, вели, меѓу другото Стоилковски.