Стоилковски: Полицијата не може да го најде синот на командант Баци кој бил во куќен притвор заради кокаин

од Nikola Popovski
201 прегледи

Оливер Спасовски на следното појавување во јавност нека одговори каде е лицето Наим Самиу од тетовско Шемшово, син на познатиот командант Баци, којшто треба да е во притвор, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во изјава за медиумите.

Како што вели Стоилковски, Наим Самиу бил во куќен притвор заради дрога кокаин, како и со мерка заради семејно насилство, кога на 13-ти месецов повторно е пријавен за семејно насилство.

-Дали е можно Наим Самиу да ја напуштил државата, дали е можно да имал помош од МВР, дали зад сето стојат врските на СДС со неговиот татко познат како командант Баци?

На 15-ти месецов полиција го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор наместо куќен. Полицијата го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор, рече меѓу другото портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини