Стоилковски: Власта спроведува „Мрежа“ – партизација на јавната администрација

од desk4
109 прегледи

Криминогената власт на СДСМ спроведува најцрна партизација на јавната администрација под кодно име „Мрежа“. Во таа „Мрежа“ се имиња на партиски војници и послушници, кои работеа на црните сценарија на политиките на СДСМ, таа е истата онаа мрежа преку која беа испраќани пораките за излезност на референдумот, таа е истата онаа мрежа на СДСМ според која во оваа држава нема место за професионалци, за успешни, за напредни студенти, за нови идеи и вистински нов дух во јавната администрација, тврдат од ВМР ДПМНЕ.

Според Мрежата на СДСМ Вработување е можно само за партиската војска на СДСМ, и тоа само ако се запишани во црните тефтерчињата на партиските општински организации. Со оваа мрежа се спроведува мрачниот план на Заев за партизација од хигиеничар до министер, или како Курто Дудуш убаво тоа го објасни дека Членската книшка на СДСМ ќе биде се’, дури и замена за лични документи.

Според информациите, само општинската организација на СДСМ во Кисела Вода, спровела вработување на 8 лица во Општината, 6 членови на управни одбори во училишта во таа општина, потоа хигиеничарки, воспитувачки во градинки, како и едно вработување во Македонски шуми, откриваат медиумите, кои велат дека поседуваат документација за акцијата Мрежа, порачува денеска ВМРО ДПМНЕ.