Изјавата на Христијан Мицкоски е во насока на ставот на стратешките партнери на Македонија. Изјавата е во иста насока со ставот на американскиот претседател Џо Бајден, кој што изрази разбирање за реакцијата на Израел, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Вели дека „изјавата на Мицкоски не се однесува на палестинскиот народ“, ниту пак кон муслиманите, или пак кон арапскиот народ.
– Ставот се однесува кон правото на држава пријател на Македонија да ја заштити својата територија која што е нападната и гранатирана од паравоена формација. Денес во Израел губат животи за жал подеднакво и евреи и христијани и сите кои што живеат на таа територија. И во оваа прилика апелираме на прекин на огнот, наоѓање на заедничко решение и смирување на тензиите и насилствата, изјави Стоилковски.