Стојанче Ангелов нов директор на ДЗС – Селами сменет по притворот за трагедијата во Кочани

од Марта Пешевска
131 прегледи

Стојанче Ангелов е новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), одлучи Владата, пишува СДК.мк.

Тој доаѓа на местото на Џеват Селами од коалицијата „Вреди“, кој е во домашен притвор поради истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, каде што загинаа 62 лица.

На местото на Ангелов во Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе биде назначен нов кадар предложен од „Вреди“.

Слични содржини