Стојаноска: Апасиев преговарал со Џафери

од Nikola Popovski
256 прегледи

Мислам дека главната работа Апасиев не ја кажува, тоа целно не ја кажува, затоа што доколку ја каже тогаш јавноста и неговите следачи, поддржувачи  треба да се соочат со фактот и вистината дека тој во суштина има преговарано со Талат Џафери, а за што го обвинува ВМРО-ДПМНЕ? Зошто ова го тврдам, затоа што деловникот се разгледуваше по редовна постапка, изјави утрово пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска за вчерашниот инцидент на Левица во Собранието

Стојаноска објасни дека Деловникот бил донесен по редовна постапка.

-Вчера се дебатираше за Деловникот на пленарна седница, пред тоа следеа две комисиски расправи на Комисијата за деловнички мандатно имунитетни прашања. Деловникот беше поднесен по редовна постапка. Плус на ова е работено наназад 5 години. Тоа е Жан Моне процесот, едно време ние го бојкотиравме, затоа што не бојкотираа нас од сите процеси. Јас не реков дека тоа е идеален деловник, но би рекол дека е оптимум и секако подобар од овој што досега беше, кажа таа.

Стојаноска потсети дека на 10 октомври имало расправа за Деловникот каде Апасиев рекол дека ќе поднесат суштински амандмани, за да после 9 месеци се увиде дека Левица има поднесено 1900 амандмани и тоа покажува дека Апасиев не си стои на кажано и прави филибастеринг.

Слични содржини