Стојаноска: Реконструкции и изградба на нови спортски објекти во Гостивар

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска вети поддршка на спортот и реализација на проектите од изборната програма коишто се однесуваат на развојот на спортот.

– Спортот претставува ресурс во којшто треба да се вложува и инвестирањето во него повратно влијае врз целокупниот развој на општеството. Во нашата програма голем акцент е посветен на спортот и потребите на најмладата популација, рече вечерва Стојаноска по одиграниот натпревар што го организираше клубот на УМС.

Таа најави изградба на модерен спортски центар, градски базен со школа за пливање, финтес зони, фудбалски и кошаркарски игралишта, и изградба на две тениски и три баскет игралишта.

Стојаноска рече дека во изборната програма предвидуваат и отворање на клуб за играње шах, повеќенаменско спортско игралиште во населбата Циглана и поддршка на постоечките спортски клубови.

Слични содржини