298
Димитар Апасиев може да го презеде лидерското место во опозицијата, но после изборите кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде власт со близу обезбедено самостојно мнозинство од 60-тина пратеници. Левица ќе биде втора партија, а СДСМ ќе биде трета партија“, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во емисијата „Клик 21“.
Стојаноски додава дека не ја разбира „политичката логика да се брани ставот кој што не го поддржуваат 73% од населеието“.
-Лажни се овие квалификации дека го направиле ова за доброто на државата. Ние можевме оваа преговарачка рамка, да излеземе со подобри опозиции, доколку успеевме да се обединиме за овие прашања и да ги прифатија нашите предлози, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.