Стојаноски: Зборот даден пред нашите сограѓани е светост која не ја погазуваме

од Vladimir Zorba

Ние ги знаеме проблемите на нашите граѓани и во секое населено место, во секое маало и улица детално ги имаме детектирано проблемите и потребите на граѓаните, истакна денеска во Тетово носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Глигорие Стојаноски.

„За сите тие потреби имаме решенија, вклучени во нашата програма за европско Тетово. Тие решенија ќе го менуваат градот, општината на подобро, ќе придонесат нашето заедничко Тетово рамномерно да се развива.

Поддршка на иницијативата за нов парк во Тетово, нов спортски комплекс, пуштање во употреба на капелата на православните гробишта, пробивање на нови и реконструкција на постоечки важни сообраќајници…Сето ова се само мал дел од нашите заложби Тетово да добие модерен, европски лик со кој сите заедно ќе се гордееме.” порача Стојановски.

Стојановски јапобара поддршката од граѓаните, за Тетово да се гради како европски град кој отвора можности за сите.

„За нас, зборот даден пред нашите сограѓани е светост која не ја погазуваме. Во име на сите кандидати за советници, давам збор дека дадената доверба ќе ја оправдаме.Затоа, ве повикувам на 20 август, масовно и одлучно да дадете поддршка за бројот еден!

Сите граѓани на Тетово, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци и сите останати, да се приклучиме на европската визија за наше Тетово. Да гласаме за број еден, да гласаме за европско Тетово.” порача Стојаноски.

Слични содржини