Стојанов и бугарската фондација упатија нова понуда за купување македонски клуб, добија експресен одговор

од Nikola Popovski
420 прегледи

По се изгледа бугарската фондација „Македонија“ сака да купи фудбалски клуб од земјава, без разлика за кој станува збор. Виктор Стојанов порака на социјалните мрежи испратил и до ФК Брегалница, во врска со купување на клубот.

Слично како и Вардар, понудата веднаш и јавно беше одбиена и од страна на ФК Брегалница од Делчево.

-Ја имате згрешено адресата, им порачаа од делчевскиот клуб.

Навивачката група Комити, која во моментов е мнозински сопственик на ФК Вардар, вчера објави дека контроверзната бугарска фондација „Македонија“ сака да посредува во купувањето на клубот од страна на засега неименувана бугарска компанија. „Комитите“ тврдат дека ситуацијата е крајно алармантна.

Порачаа дека на ваквите напади ќе продолжат да одолеваат, само доколку секој од ја разбере важноста на купување на членската карта.

„Комитите“ побараа од фановите да бидат на стадион кога ќе грмне „Море сокол пие“ и дека тоа ќе биде нивниот одговор.

Според она што го понудил контроверзниот Виктор Стојанов од бугарската фондација, компанија за изградба на спортски објекти кај нашиот источен сака да вложи 300.000 евра за оваа сезона и 500.000 евра за наредната во нашиот најтрофеен фудбалски клуб.

Фондацијата „Македонија“ не крие дека за своите операции и дејствија веројатно се консултираат и координират со официјалните бугарски институции, што може да се забележи од објавените заеднички фотографии со бугарски функционери.

Слични содржини