Стојанов: Мораме да и помагаме на С.Македонија да ги исполни критериумите за членство во ЕУ

од Vladimir Zorba
244 прегледи

„Денеска ми паѓаат на ум две работи. Во Бугарија не знам зошто, и во Скопје – знам зошто се пласира една целосна невистина – дека Бугарија ја спречува Република Северна Македонија да влезе во ЕУ. Всушност, РСМ и Албанија ги чека долг пат“, изјави за БНТ поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов.

„Мораме да продолжиме да им помагаме на С.Македонија и Албанија да ги исполнат критериумите за членство. Нашиот однос со нив не застанува тука и мора да бидеме свесни за тоа“, додаде тој.

Слични содржини