Одредени групи на луѓе кои немаат интерес да се гради во Центар сакаат да ја стопираат изградбата на објектот кој ќе ни пружи пристојно живеалиште. Скоро 70 години живееме без вода нема канализација ние доаѓаме како ѓубриште на ГТЦ.Оваа ситуација се провлекува со години не ми е јасно зошто оваа група на луѓе се против, кога на тоа место има само распукан бетон и ѓубриште, објаснува Игор Стојанов жител на Ново Маало во Утрински Брифинг.
Тој вели дека досега немаат разговарано со невладините организации кои се против изградбата на објектот во Центар.
-Не гледам дека овде станува збор за урбана мафија, првпат се случува еден инвеститор да понуди фер обештетување, а и ние сме презадовлни од понудата .Овде се работи по стандарди, вели тој.
Стојанов напоменува дека според планот на Кензо Танге на оваа место требало да се изградат 30 катници.
-Овде ќе се направи најголемиот прак кој ќе биде од јавен интерес. А,сега сите кои поминуваат во овој дел од центар кружа затоа што е страшно.Активистите треба да ја поддржуваат нашата агонија, не да протестираат, вели жителот на Ново Маало.