Стојановиќ: 3500 лица чекаат да влезат во затворите, подобрени се условите во „Идризово“

од Nikola Popovski
241 прегледи

Бројката која би ослободила со тогашните пресметки е 286 осудени лица. Максималниот капацитет во затворите е околу 2000 лица и сметам дека на чекање, на стенд-бај се околу 3500 луѓе севкупно. Мислам дека пробацијата е долготрајно решение, но останувам за амнестијата да одлучуваат други повисоки структури и Владата, информира денеска директорот на Управата за извршување на санкциите, Јовица Стојановиќ.

Запрашан дали има места во затворите, особено во најголемата КПУ „Идризово“, Јовановиќ се воздржа од одговор, велејќи дека „капацитетно бројот е во егал“.

Околу условите на затворите, вели дека од 2017 година, за 70% се подобрени и тоа може да го аргументира со факти.

-Во 2017 година кога дојдов, имаше 1900 осудени лица, само во „Идризово“ – сега имаме 2000 вкупно. 730 места се уништени каде што спиеле. 13 објекти се вон функција. Би сакал да бидете присутни во затворскиот систем и да видите како се подобруваат условите. Не е се розево, но стоиме на располагање и макотрпно работиме за подобрување. Една од најдобрите алатки се алтернативните алатки, им порача Стојановиќ на новинарите.

Слични содржини