Спортскиот новинар Тони Стојановски, кој предизвика лавина коментари во јавноста со својот говор на синоќешниот натпревар помеѓу Грузија и Северна Македонија, за „Фактор“ вели дека тоа што го искажал не било однапред подготвено и било кажано од срце.
– Им благодарам на сите за поддршката, се уште не можам да им одговорам на сите, реакциите се многубројни. Благодарен сум и за негативните критики кои не се испоганети. Единствено добив само една закана од лице кој, како што можев да видам, имаше партиска иконографија на својот профил, ни рече Стојановски.
ТВ-коментаторот на националниот сервис вели дека во она што го искажал немало ниту партиска, ниту политичка позадина, ниту пак дека добил некакви инструкции од раководството на „Мкедонската радиотелевизија“.
– Тоа е мој личен став, тоа не може да се објасни, особено на оние кои не го препознааваат овој успех. Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино. Ова не е само фудбалки пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Јас не сум херојот на вечерта, тоа се македонските фудбалери, а апелот мој до вжештените глави е да го слушнат и воведот и крајот на преносот и ако можат нешто да научат, вели Стојановски.