100
По денешната изјава на пратеникот од АА, Халил Снопче дека доколку неговата партија е надвор од Владата, тогаш владеачкото мнозинство нема легитимитет и дека потребни се нови избори, од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека неофицијално мнозинството е 2/3 и над 80 пратеници.
– И доколку таа ситуација се случи, Владата ќе функционира сосема нормално и подобро од претходно, рече пратеникот Бојан Стојановски од Собранието.
Тој е дециден дека неговата партија е подготвена за предвремени парламентарни избори во секој момент, но, како што рече, до таквите нема да дојде, заедно со локалните избори наесен.