Стојановски со нов политички говор по пласманот на одбојкарите на ЕП (ВИДЕО)

514 прегледи

Македонските одбојкари синоќа по триумфот над Турција го обезбедија своето место во второто за нив Европско првенство следната година.

Имено, во тој радосен миг, повторно свој говор имаше новинарот и коментатор на МРТВ, Тони Стојановски.

Во своето обраќање, посочи дека ниту многу поголеми земји од нашата немаат ваква моќ. Како што вели Стојановски, територијално поголемите земји, и оние кои поседуваат бомби и даваат хартија и велат само потпиши се поразени. Всушност, вели овде хартија не постои, нашите репрезентации догодина ќе ја китат македонската спортска јавност со своите настапи на големите европски натпреварувања.

Во продолжение, погледнете го неговиот говор по завршувањето на мечот, во целост:

Слични содржини