Стојкоски: Сопственикот на земјиштето не знаел дека се депонира опасен отпад на неговата локација

од Nikola Popovski
2,5K прегледи

Отворен е предмет како постапка за отпадот кој го лоцираше инспекторот од општина Ѓорче Петров, во близина на селото Орман. Информиран е Државниот инспекторат за животна средина и случајот е даден на понатамошно постапување.

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес истакна дека од страна на овластениот инспектор даден е рок, согласно закон, од 30 дена за да се дислоцира отпадот кој што е пронајден.

-Во координација сме со Државниот инспекторат за Државниот инспекторат за животна средина. И во моментов се на терен за да го утврдат точно составот за да видиме за каков отпад станува збор. Максимално гледаме да ги запазиме сите процедури, со најбрзи рокови да пристапиме во интерес на здравјето на граѓаните да може тоа што е можно побрзо да се дислоцира, истакна градоначалникот.

Стојкоски појасни дека сопственикот на земјиштето не бил свесен дека на неговата локација се депонира ваков вид на отпад.

-Останува на институциите да преземат мерки и да го откријат сторителот и истиот тој или сопсгвеникот на локацијата да го дислоцираат отпадот. Во поглед на тоа, се работи за отпад што треба да биде дислоциран на депонија со интегрирана еколошока дозвола. Во околинава таква депонија нема и истата е ситуацијата како во Велес. ДИЖС е надлежен да ја следи дозволата со ваков тип на отпад, истакна градоначалникот на Ѓорче Петров.

Државните инспектори објавија дека 500 до 600 тони опасен отпад од преработка на акумулаторски батерии бил складиран на парцели во Општина Ѓорче Петров во близина на скопското село Орман, на само неколку метри од брегот на реката Лепенец.

Слични содржини