Стојкоски: За 3% од граѓаните први асоцијации за Бугарите им се „непријатели, фашисти, окупатори“

од Vladimir Zorba
412 прегледи

Директорот на Институтот „Преспа“, Андреа Стојковски, во дебата на „360 Степени“ изјави дека само 1% од граѓаните на С.Македониа ја гледаат Бугарија како пријател на државава. Овие бројки доаѓаат по истражување направено за потребите на институтот.

„Ако го погледнеме односот на македонските граѓани кон државите кои воопшто ги следевме во целото истражување, на прашањето која држава или унија е најголем пријател на С. Македонија, и таму Бугарија многу ниско котира. Дури и општо гледано, многу ниско котира. Само 1% од нашите граѓани ја гледаат Бугарија како пријател на државава“, вели Стојковски и оценува дека и договорот е причина за ова.

За 3% од граѓаните први асоцијации за Бугарите им се „непријатели, фашисти, окупатори“. Само 23% од граѓаните имаат позитивно мислење за договорот со Бугарија, а високи 42% имаат негативно мислење.

Слични содржини