Стојков: Бугарската држава продолжува да се преправа дека не постои македонско малцинство

од Берта Китинска
139 прегледи

Стојко Стојков претседател на македонското здружение ОМО Илинден Пирин во Бугарија во емисијата 24 анализа рече дека не може да се забрануваат културни манифестација кои имаат имиња на културни дејци.

– Тоа е недемократски гест. Полошо е коа мотивацијата е негирање на правото на самоопределба, на македонското малцинство со говор на омраза против македонската нација. Не очекува дека клубот ќе се затвори и нема да се спречи отварањето, зошто нема основа за тоа. Тоа е израз на нивната позиција. Веќе се упатени покани до двата премиери на отварањето на клубот. Се надевам дека некој ќе дојде, и поканети се и претставници од други амбасади. Бугарската држава продолжува да се преправа дека не постои македонско малцинство. – изјави Стојков.