Стојковски: Ако веќе зборуваме за „црвени линии“ тогаш првата треба да биде токму тоа – да не ја убиеме шансата за консензус за подобра иднина само затоа што некој друг ја предложил

Црвени линии се утврдуваат кога позициите се сѐ уште стабилни, тврди Стојковски

од Nikola Popovski
42 прегледи

Црвени линии се утврдуваат кога позициите се сѐ уште стабилни. Но, морам да потсетам дека општествениот консензус за пристапувањето во Европската Унија не само што постои одамна, туку е еден од најдолготрајните и најотпорни ставови во нашето општество, вели во разговор за „Локално“, извршниот директор на „Преспа институтот“, Андреја Стојковски за предлогот на СДСМ за Декларација со македонските црвени линии која неделава треба да подетално објаснета.

Запрашан зошто во земјава се одбиваат предлози од спротивната политичка страна по дифолт, соговорникот жали што овие случувања ја отсликуваат длабоката партизација на нашето општество. Вели дека наместо да се гледаат суштината и ефектите на било кој предлог, за предлозите се реагира според тоа од кого доаѓаат.

-Оттаму, ако веќе зборуваме за „црвени линии“, тогаш првата треба да биде токму тоа: да не ја убиеме шансата за консензус за подобра иднина само затоа што некој друг ја предложил, констатира Стојковски.

Нова Декларација, стари обврски: „Опозицијата сака да го поттурне процесот, иако и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го запираат патот на евроинтеграциите“