Стојковски: Доколку владата дозволи увоз на украинско жито, драстично ќе го намали нашето понатамошно производство

од Vladimir Zorba
643 прегледи

За македонските производители на пченица би била катастрофалната можноста да се остави простор за евентуална одлука за увоз на украинско жито. За нив е целосно неразбирлив ставот на министерот Бектеши условот да биде добрата цена и потребата, особено ако се има предвид стремежот на нашата држава да биде целосно независна во однос на производството на пченица.

„Ако Министерството за земјоделство и нашата држава не сакаат ние да произведуваме пченица слободно нека повели и нека увезува пченица во текот на една година. Следната година ние нема да ја произведуваме оваа култура и тогаш ќе станеме целосно зависни од увоз“, изјави за „Локално“, претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Петар Стојковски.

Потсетува дека и во домашните амбари има осум милиони килограми домашна пченица од прва класа која што сеуште не е откупена. Од друга страна, укажува на тврдењата според кои квалитетот на украинската пченица е во голема мерка сомнителен .

„Ефектот врз здравјето на луѓето нема да се почувствува веднаш, туку постепено, низ годините. Не е целта ние денес да имаме поефтина и неквалитетна пченица, а после 10 години да се запрашаме која е причината за одредени заболувања меѓу македонската популација“, предупредува Стојковски.

Ефтината пченица и други земјоделски производи од Украина беа причина неколку земји членки на ЕУ да воведат привремени забрани за увоз за да ги заштитат сопствените производители.Со став излезе и македонската влада според која одлуките на ЕУ ќе се почитуваат, но ако има потреба и добра цена, ќе се дозволи увоз од Украина.Каков е коментарот на нашите производители на пченица?

-Она што сака Владата да го протне како увоз на пченица од Украина за нас како производители на пченица и како Асоцијација на земјоделци не е добро решение. Европските држави веќе почнаа да се откажуваат од украинската пченица, па оттука ако одредени држави како Полска, Словачка, Унгарија и Бугарија се одлучија на ваков чекор, тогаш не знам зошто ние би ја увезле оваа пченица која според нашите проценки не е соодветна за производство на брашно и леб. Подеднакво важен аспект е и фактот дека во нашата држава имаме осум милиони килограми пченица кои не се предадени во откупните центри кои понатаму произведуваат брашно или леб. Тоа значи дека сеуште во амбарите го имаме ова количество пченица за кое Министерството за земјоделие не покажа интерес да зборува , поради што и произлезе нашата претпоставка дека имаме доволно од оваа житна култура. Од друга страна се соочуваме со можноста да се донесе пченица од Украина. Никој не знае за каков квалитет на пченица се работи, постојат тврдења дека е сомнителен, но затоа сме сигурни дека во нашите амбари имаме пченица од прва класа која се сади во битолскиот регион кој има добар хектолитар. Не смеееме да се доведеме во ситуација да ја донесеме украинската пченица и дури тогаш да костатираме дека квалитетот не е добар поради што ќе мора да се бараат решенија како и на кој начин таа да се потроши.

Дали може увозот на евтино жито дополнително да ја урне цената на македонската пченица?

-Ако Министерството за земјоделство и нашата држава не сакаат ние да произведуваме пченица слободно нека повели и нека увезува пченица во текот на една година.Следната година ние нема да ја произведуваме оваа култура и тогаш ќе станеме целосно зависни од увоз.Да потсетам дека генералната политика беше да станеме независни во однос на проиизводството на пченица.Како што веќе реков, ние имаме 8 милиони килограми наша пченица која што сеуште не е откупена.Владата и Министерството прво нека го насочат вниманието кон овој сегмент, а потоа нека даваат изјави за можност за увоз на ефтина пченица од Украина

ЕУ вети дека проблемот ќе го решава со обештетување т.е со финансиска поддршка за земјоделците. Дали е ова вистинското решение? Во трката со цената, дали и македонската Влада треба на некаков начин да ги заштити локалните производители?

-Нам ни е важно македонската влада да ни ја откупи и плати нашата производна цена. Понатаму, доколку така смета нека изврши дополнителен увоз. За нас е приоритетна нашата калкулација во која влегуваат трошоците и заработувачката.

Можно ли е проблемите дополнително да се искомплицираат знаејќи дека договорот за извоз на жито меѓу Русија и Украина истекува на 18 мај?

-Секако дека е можно усложнување на состојбите.Она на што секогаш треба да го насочиме вниманието и да ни биде приоритет е нашето производство, откупот и предавањето.

Природно е земјоделците да ги бранат своите цени на производство но јасно е дека ќе има и такви кои со нефер пазарни тактики ќе го мешаат домашното со евтиното украинско брашно, декларирајки го како домашно. Како ќе ја сопрете ваквата можност?

-Мој личен став, значи не говорам во име на Асоцијацијата, е дека постои таква можност.Проблемот е што тоа ќе се увиди после неколку години бидејќи во ситуација кога од една страна имаме квалитетна пченица, а од друга неквалитетна мислиме дека ќе дојдеме до некаква позитива. Никогаш нема да дојдеме до позитива бидејќи ефектот врз здравјето на луѓето нема да се почувствува веднаш, туку постепено, низ годините, . Не е целта ние денес да имаме поефтина и неквалитетна пченица, а потоа после 10 години да се запрашаме која е причината за одредени заболувања меѓу македонската популација.

Каква е состојбата кај нас? Каков род се очекува од македонското жито оваа година?

-Се надевам дека ќе имаме рекордна година. До овој период условите за производство на квалитетна пченица се на највисоко ниво.Секако, квалитетот и приносот зависат од природните услови. Доколку имаме сончеви денови и доволно количество дожд во мај, тогаш успехот ќе биде загарантиран.Во моментов, секаде низ државата и јачменот и пченицата имаат инзвонреден квалитет.

Дали домашното производство ги задоволува потребите?

-Во целост не ги задоволува потребите, но во соработка со Министерството за земјоделство правиме напори да станеме целосно независни. Во насока на постигнување на оваа цел, претходно, речиси цела обработлива земја беше дадена на концесија, а сите производители на пченица добивме дополнителни стимулации за производство на житни култури. Оттука, ако државата сака да увезе ефтина украинска пченица, прво нека не обештети нас за да продолжиме да произведуваме.

Колку жито вообичаено увезуваме и од каде?

-Најмногу увезуваме од Србија. Во моментов таму е поефтина електричната енергија, па оттука нивните трошоци беа значително пониски во делот на преработката на зрното во брашно.Затоа сега увезуваме брашно од Србија. Во овој дел ние земјоделците препознаваме опасност.Кокуренцијата од нашиот северен сосед ја имаме преку брашното кое е квалитетно и поефтино.Дополнително, таму имаат висок степен на заштита на растенијата од плевел.Само како пример, еден килограм заштитно средство- Мустанг овде чини 1400 денари, во Србија е дупло поефтино. Затоа ние бараме слободен увоз на заштитни средства

Слични содржини