Стојковски: Усвојувањето на Извештајот е дополнителен притисок за Македонија да го испорача она што се содржи во Преговарачката рамка – уставни измени и отворање на првиот кластер

од Nikola Popovski
0 прегледи

Извештајот и покрај амандманските битки, потврдува поддршка за пристапните преговори и фокусираност на реформските процеси. Тоа практично ја потврдува или засилува позицијата на Македонија како кредибилен кандидат, вели извршниот директор на „Преспа институтот“, Андреја Стојковски во разговор за „Локално“ во однос на вчерашните случувања во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

Според него, евентуалното усвојување на конечниот извештај во ЕП без придавката „модерен“ пред македонскиот јазик и идентитет би можело да има неколку важни импликации, но не мора нужно да доведе до „замрзнат спор“ со Бугарија.

-Терминот „модерен македонски јазик“ е барање кое произлегува од бугарската позиција и се обидува да ограничи историската димензија на македонскиот идентитет и јазик, третирајќи го како нешто што се појавило „по 1944 година“. Тоа што европратениците го отфрлиле амандманот значи дека ЕП не прифаќа историски ревизионизам како услов за пристапувањето. Парламентот често покажувал или давал отпор билатерални формулации да се наметнуваат како европска позиција, посочува извршниот директор на „Преспа Институтот“.

Стојковски за Извештајот за Македонија: Политичката дебата во ЕП укажа дека нашата дипломатија нема реални сојузници и дека „штетните наративи“ доаѓаат и од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ

Слични содржини