Стокмено и поднесено обвинението против Верушевски

од desk3
90 прегледи

Обвинителството поднесе обвинителен акт против Зоран Верушевски, првоосомничениот во акцијата „Пуч“, но не за шпионажа, туку за наводно незаконско поседување на пиштол. Во моментот неговиот адвокат Ангеле Илиевски го спрема приговорот на обвинението, кое било напишано едвај на една страна-информира Фокус.

56A144FBF86F6A40BC917F234599699C

Адвокатот Илиевски претходно пред јавноста образложи дека Верушевски има оправдување за двата пиштоли, а за кои полицијата го товареше за недозволено поседување на оружје. Сега, обвинителството смета дека Верушевски незаконски го поседувал само службениот пиштол.

Едниот го добил во 1983-та додека вршел службена должност и е регистриран во евиденцијата на МВР и за него не треба дозвола. И вториот, вели Илиевски, е регистриран, а Верушевски го добил како награда во 1997-та од тогашниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски.

Случајот „Пуч“ пак е во фаза на изведување на докзаите пред обвинетите, кои во текот на неделава треба да дадат искази.

Извор: Фокус