“Во овој конфликт беа убиени околу 10 илјади Украинци”, додаде Столтенберг, цитиран од Дојче Веле.

НАТО не се стреми кон конфронтација со Русија, но агресивното нејзиното однесувањеја  поткопува довербата , стабилноста и безбедноста во Европа, посочи Столтенберг.

Според него, пристапот на Алијансата кон Русија се состои во одбрана и дијалог.

НАТО продолжува да се стреми кон конструктивни и предвидливи односи со Русија, за да го зачува мирот и да ја поттикне Русија да дејствува според нормите и правилата на меѓународната заедница.

Во меѓувреме руската агенција ТАСС исто така ја цитира изјавата на Столтенберг по темата за дијалогот, без да ги  објавува неговите критики за агресивното однесување на Москва .