Столтенберг: Бунтот на „Вагнер“ покажа дека Русија направи стратешка грешка

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека крајот на бунтот на приватната руска воена организација „Вагнер“ покажал дека Русија направила стратешка грешка со војувањето против Украина.

„Настаните од викендот се внатрешно прашање на Русија и уште една демонстрација на голема стратешка грешка направена од претседателот (Владимир) Путин со неговата илегална анексија на Крим и неговата војна против Украина“, изјави Столтенберг за новинарите за време на посетата на главниот град на Литванија, Вилнус.

Столтенберг истакна дека сега е уште поважно НАТО и неговите партнери да продолжат да ја поддржуваат Украина, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини