Столтенберг: Членките на НАТО мора да одвојат повеќе пари за одбрана

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика земјите-членки да го забрзаат зголемувањето на трошоците за одбраната, бидејќи новите бројки покажуваат дека помалку од една четвртина ја исполнуваат целта на алијансата.

Столтенберг рече дека рускиот напад врз Украина минатата година покажал дека светот станал понебезбеден и дека сојузниците на НАТО мора да одговорат со поставување и исполнување на поамбициозни воени цели, пренесe Ројтерс.

Седум од 30-те земји на алијансата ја исполнија сегашната цел да потрошат 2 отсто од БДП за одбрана во 2022 година, еден помалку отколку во 2021 година, пред војната во Украина, според проценките во годишниот извештај на генералниот секретар на НАТО, објавен денеска.

Слични содржини