Столтенберг: Членките на НАТО поддржуваат хуманитарни паузи во Газа

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека членките на воената алијанса ги поддржуваат хуманитарните паузи за да се овозможи испорака на помош во Појасот Газа поради влошената хуманитарна криза во таа област.

Тој посочи дека мора да се почитува меѓународното право, како и потребата да се заштитат цивилите, пренесува „Танјуг“.

„Војната во Газа не смее да се претвори во голем регионален конфликт“, рече Столтенберг, додавајќи дека Иран и либанската милитантна група Хезболах мора да се држат „настрана од оваа борба“.

Слични содржини