228
Украина нема да може да се придружи на НАТО се додека во таа земја има војна, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
– Мислам дека сите сфатија дека да се стане членка среде војна не е на дневен ред, порача Столтенберг, пренесе Ројтерс.
Како што рече, „прашањето е што ќе се случи кога ќе заврши војната“.
Генералниот секретар на НАТО е во посета на Брисел, каде што присуствува на настан организиран од Германскиот Маршалов фонд на САД.