Столтенберг: Изјавата на Трамп ја поткопува заедничката безбедност

од Radmila Tasevska
474 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска реагира на изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој синоќа изјави дека ќе ја охрабри Русија во случај да нападне членка на НАТО, која не ги плаќа своите сметки во Алијансата.

– Секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува безбедноста на сите нас, вклучително и на САД, и ги изложува американските и европските војници на зголемен ризик, наведе Столтенберг

Во меѓувреме, на изјавата на Трамп реагираше и претседателот на Европски совет, Шарл Мишел.

– Трансатлантската алијанса ја поддржува безбедноста и просперитетот на Американците, Канаѓаните и Европејците веќе 75 години. Невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО од членот пет им служат само на интересите на Путин и не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот, напиша Мишел на мрежата Икс.

Тој додаде дека невнимателните изјави за безбедноста и солидарноста на НАТО се во корист на рускиот претседател Владимир  Путин и „не носат ниту повеќе безбедност, ниту повеќе мир во светот“.

Трамп е фаворит за републикански претседателски кандидат на изборите што се закажани во ноември.

Според членот пет од Повелбата на НАТО, членките се обврзуваат да ја бранат секоја нација во блокот што е нападната.

Слични содржини