Столтенберг ја почна балканската турнеја, утре доаѓа во Скопје

од Nikola Popovski
271 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја почна својата балканска турнеја. Тој вчера пристигна во Босна и Херцеговина, по што ќе отпатува во Србија и Косово.

Столтенберг денеска ќе се сретне со високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит. Тој ќе се сретне и со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. Покрај тоа, Столтенберг ќе го посети и седиштето на НАТО во Сараево и ќе има средби со воени лидери и претставници на меѓународната заедница.

За утре е најавен и во земјава. Во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со собранискиот спикер Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во парламентот.

Вториот ден од посетата на Македонија, Столтенберг ќе го почне со билатерална средба со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе учествува на неформалниот состанок на лидери на НАТО-сојузници од регионот, чиј домаќин е Македонија.

Генералниот секретар на НАТО прв пат ја посети земјава во 2019 година, по потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во Алијансата. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

Слични содржини