Останува на Украина да одлучи кои се прифатливите услови за преговори, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) во Брисел.
„Но, она што го знаеме е дека она што се случува на преговарачката маса е нераскинливо поврзано со силата на бојното поле“, вели шефот на најголемиот воен сојуз.
Тој исто така додава дека „ако сакаме решение во кое Украина утре ќе биде независна нација, тогаш мора да обезбедиме воена поддршка денес“.
Столтенберг ја повтори својата порака дека ќе го поддржува правото на Украина на самоодбрана се додека е потребно.
Сега, исто така, работиме напорно за да го зголемиме производството за да можеме да обезбедиме континуирана поддршка за Украина, бидејќи е исклучително важно да го сториме тоа, објасни тој.
„Ако победи претседателот Путин, тоа би било трагедија за Украина, но е опасно и за сојузниците во НАТО. Тоа е мојата порака до сите наши сојузници, дека треба да ја поддржиме Украина бидејќи во наш безбедносен интерес е да покажеме дека претседателот Путин не победува во Украина“, итакна шефот на НАТО.