Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека разговарал со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и дека се разочарани што спорот меѓу Србија и Косово за регистарските таблички не е решен.
Столтенберг на Твитер изјави дека сега мора да се избегне ескалација.
„Разговарав со Жозеп Борел. Разочарани сме што не беше можно да се реши спорот со регистарските таблички. Сега е време за одговорност и прагматични решенија. Мора да се избегне ескалација. НАТО и КФОР остануваат во состојба на готовност“, рече Столтенберг.
Spoke to @JosepBorrellF. We are disappointed that it was not possible to solve the licence plate dispute. Now is the time for responsibility & pragmatic solutions. Escalation must be avoided. @NATO_KFOR remains vigilant.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) November 21, 2022