Столтенберг: Наскоро доаѓаме до решение за испорака на тенкови во Украина

од Radmila Tasevska
168 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес изјави дека Алијансата наскоро ќе најде решение за испорака на тенкови Леопард во Украина, а германскиот министер за одбрана Борис Писториус, вели дека нема неединство меѓу сојузниците за испраќање тенкови.

Столтенберг на заедничката конференција со Писториус изјавил дека консултациите во врска со испораката на тенкови ќе продолжат наскоро, пренесува Ројтерс.

„Во овој клучен момент од војната, мораме што поскоро да и обезбедиме на Украина понапредни системи“, рече Столтенберг. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, посочи дека НАТО не смее да стане учесник во војната и повтори дека Берлин брзо ќе реагира доколку има заедничка одлука за испраќање тенкови.

Слични содржини