Столтенберг: НАТО е со Естонија против каква било закана за нејзиниот суверенитет

од Vladimir Zorba
727 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека западната воена алијанса стои во солидарност со Естонија против каква било закана за нејзиниот суверенитет.

Неговата реакција на платформата Икс (Твитер) дојде откако Естонија доцна синоќа објави дека руските граничари ги отстраниле навигациските пловци од естонската страна на реката Нарва што ги дели двете земји, објави Ројтерс.

ЕУ најави дека бара одговори од Русија за, како што ја нарече, „неприфатливата“ провокација на руските граничари на границата со Естонија.

Слични содржини