По неколкумесечна воена обука на опремата на НАТО, Украина ја враќа својата територија окупирана од руските сили, изјави генералниот секретар на Алијансата.
На самитот што ќе се одржи во јули во Вилнус, НАТО ќе се заложи за натамошна помош во модернизацијата на украинската армија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Столтенберг, во изјава објавена во германскиот весник „Тагесшпигел“, рече дека сојузниците на самитот ќе усвојат повеќегодишен пакет помош што ќе ја доведе Украина до стандардите на НАТО.
Како што јави „Ал Џезира Балканс“, тој изјави дека по неколкумесечна воена обука на опрема на НАТО, Украина ја враќа својата територија окупирана од руските сили.
Столтенберг ја истакна важноста од континуирана поддршка за земјата, која е во одбранбена борба против руската агресија откако Москва започна инвазија во февруари 2022 година.