Столтенберг: НАТО мора да го зголеми производството на оружје

од Nikola Popovski

НАТО мора да го зголеми производството на оружје бидејќи војната во Украина продолжува и потребите на Киев растат, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервјуто објавено во недела 1-ви јануари, пренесува денеска Радио Слободна Европа.

Западните земји мора да бидат подготвени да пружат долгорочна поддршка на Украина бидејќи Русија не покажува знаци на попуштање, изјави Столтенберг за Би-Би-Си.

Тој оцени дека воената поддршка ќе обезбеди опстанок на Украина како суверена земја и ќе ја принуди Русија да преговара за крај на војната.

„На пример, за артилерија ни требаат огромни количини муниција, потребни ни се резервни делови“, изјави лидерот на воената алијанса од 30 нации за Би-Би-Си.

„Мораме да го зголемиме производството и тоа е токму она што го прават сојузниците“, рече Столтенберг.

Слични содржини