Столтенберг: НАТО нема да ја покани Украина да се приклучи во јули

од Stefanija Kuzmanovska
323 прегледи

Лидерите на НАТО нема да ја поканат Украина да се приклучи на Алијансата на самитот во Вилнус во средината на јули, потврди денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„На самитот во Вилнус и во подготовките за самитот, не разговараме за издавање официјална покана“, изјави тој за новинарите по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, додавајќи дека лидерите ќе разговараат за тоа како Украина да се приближи до Алијансата, пренесува „Гардијан“.

Столтенберг, исто така, предупреди да не се прифати замрзнат конфликт во Украина во замена за прекин на војната.

Сите страни одамна прифатија дека Украина не може да стане членка на НАТО среде војна, но Киев, поддржан од балтичките земји и Полска, сака датум или временска рамка до која може да се приклучи кога конфликтот ќе заврши.

Слични содржини