576
Обуката на украинските пилоти за управување со американски борбени авиони Ф-16 не го прави НАТО страна во конфликтот, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Украина има право на самоодбрана… Ние ѝ помагаме на Украина да се придржува до тоа право“, изјави Столтенберг пред новинарите, пренесе „Ројтерс“.
Столтенберг истакна дека одлуката за обука е важен чекор кој ќе услови „во одредена фаза“ борбени авиони да бидат испорачани во Украина, пренесе АП.