Столтенберг од Скопје го поздрави примирјето меѓу Хамас и Израел

од Nikola Popovski
463 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска од Скопје го поздрави договорот за примирје меѓу Хамас и Израел, што ќе доведе до ослободување на дел од заложниците од двете завојувани страни.

Според него, тоа исто така ќе доведе до пристигнување на хуманитарна помош за погодените места.

-Добро е што сме во Скопје. Со нетрпение чекам да се сретнам со останатите лидери на НАТО сојузниците од регионот. Ви благодаррам за вашата посветеност и придонес во Алијансата, рече Столтенберг во изјавата пред почетокот на неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузници кој се одржува во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

На состанокот ќе присуствуваат и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, Зоран Миловановиќ, претседател на Хрватска, како и Милојко Спајиќ, претседател на Владата на Црна Гора.

Слични содржини