Столтенберг: Од суштинска важност е Конгресот на САД да се согласи за продолжување на помошта за Украина

од Radmila Tasevska
165 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Брисел изјави дека е „од суштинско значење“ американскиот Конгрес „во блиска иднина да се согласи за продолжување на поддршката за Украина“.

Според него, поддршката за Украина „не е добродетелство, се работи за нашата сопствена безбедност“.

„Руската победа ќе не ослаби и ќе ја охрабри не само Москва, туку и Кина, Иран и Северна Кореја“, рече Столтенберг на прес-конференција одржана заедно со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Саливан изрази очекување за широка поддршка во Конгресот за помош за Украина. „Нема алтернатива за американската помош за Украина“, заклучи тој.

Според него, единството на Алијансата не е разнишано од дејствијата на Русија.

Слични содржини