Таквата позиција изрази генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од агенциите. Во интервју за CNN тој коментира дека тоа е последица од дестабилизирачки дејствија на Русија во Источна Украина.

Столтенберг истакна дека по крајот на Студената војна во Алијансата имало надежи за тесна соработка со Москва.

 “Но, по нелегалната анексија на Крим во 2014 година и предизвиканата  од Русите долготрајна дестабилизација во источна Украина, односите меѓу НАТО и Русија значително се влошија “, појасни тој.