Столтенберг побара од Вучиќ сите страни да се воздржат од еднострани акции

од Destan Jonuzi

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска телефонски разговараше со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и побарал сите страни во спорот за Косово да се воздржат од чекори кои би предизвикале ескалација, односно да се воздржат од еднострани потези кои ќе го загрозат мирот и стабилност.

-Вучиќ му посочи на генералниот секретар на НАТО дека Приштина брутално го прекршува Бриселскиот договор со своите еднострани потези, разрешувањето на српскиот полициски командант за северниот регион Ненад Ѓуриќ, потоа нелегитимните дејствија во однос на регистарските таблички и речиси десетгодишното одбивање да се формира Заедница на српски општини (ЗСО. Тој додаде дека, и покрај се, Србија се стреми да го одржи мирот и стабилноста и ќе остане посветена на тоа, се наведува во соопштението од кабинетот на српскиот претседател.

Двајцата соговорници разговарале и за важноста како на улогата на КФОР, така и на директниот контакт на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија со командантот на НАТО силите на Косово.

Генералниот секретар Столтенберг истакна дека НАТО ја цени соработката постигната со Србија од позиција на воено неутрална земја.

Слични содржини