Столтенберг: Победа на Русија во конфликтот со Украина ќе биде трагедија за Киев и ќе го направи НАТО поранлив

од Stefanija Kuzmanovska
473 прегледи

Победата на Русија во конфликтот со Украина ќе биде трагедија за Киев и ќе го направи НАТО поранлив, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција со Владимир Зеленски во Вилнус.

„Најголем ризик е ако претседателот Путин победи во војната, тоа ќе биде најголемиот ризик. Тоа ќе биде трагедија за Украина, но и ќе не направи поранливи“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање дали безбедносните гаранции на Украина ќе ги доближат земјите од НАТО до воен конфликт со Русија.

Според него, испораката на оружје за Украина е поважна од безбедносните гаранции на НАТО.

Зеленски од своја страна рече дека резултатите од самитот на НАТО, кој се одржува во Вилнус, може да се сметаат за добри за Киев, но не и идеални поради фактот што Украина не доби официјална покана да стане членка на алијансата.

„Можеме да констатираме дека резултатите од самитот се добри, но да имаше покана (за Украина во НАТО) ќе бес идеални“, рече Зеленски.

По овие зборови, украинскиот претседател се сврте кон Столтенберг и со насмевка го гледаше неколку секунди. Зеленски, исто така, рече дека Киев разбира дека Украина не може да стане членка на НАТО се додека трае вооружениот конфликт.

Столтенберг рече и дека Украина сега е поблиску до НАТО од кога било досега.

„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе се сретнеме како сојузници“ – му рече Столтенберг на Зеленски, без да прецизира кога Украина ќе стане членка на НАТО.

Слични содржини