349
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека вежбата на Алијансата „Воздушен бранител“ испраќа порака дека НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија.
„Ова е најголемата воздушна вежба во историјата на НАТО. Тоа кажува дека сме подготвени да ја одбраниме секоја педа од нашата територија“, рече Столтенберг и наведе дека целта на вежбата е да се спречи конфликт, а не да се испровоцира.
Агенцијата ТАСС потсетува дека вежбата „Воздушен бранител“ започна во Германија и во соседните земји на 12 јуни и треба да трае две недели и дека за тоа време околу 250 авиони ќе вежбаат да одбиваат евентуални напади од истокот.