Столтенберг: Подготвени сме да ја одбраниме секоја педа од територијата на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
122 прегледи

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Букурешт изјави дека воената алијанса е подготвена да ја одбрани секоја педа од својата територија.

Столтенберг, говорејќи на состанокот организиран од Институтот Аспен од Романија и германскиот Маршал фонд, истакна дека Романија е силен и многу важен сојузник на НАТО.

„Тоа го повторувам секој ден. Романија дава голем придонес за НАТО и со тоа што ми даде одличен заменик генерален секретар“, нагласи тој.

Слични содржини