110
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека секоја „смртоносна помош“ од Кина за снабдување на Русија за војната во Украина би била „историска грешка“ која ќе има големи последици.
На прес-конференција во седиштето на НАТО во Брисел, по состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата, Столтенберг рече дека иднината на Украина е во евроатлантското семејство и рече дека НАТО ќе продолжи да ги поддржува Грузија, Молдавија и Босна и Херцеговина.
Столтенберг рече дека членките на Алијансата, откако го прифатиле влезот на Финска, се согласиле Шведска да стане нивен сојузник што е можно поскоро, пренесува „Ројтерс“.